fbpx

Патничкото беспилотно летало на Audi започна со тестирање

Со помош на Airbus и Italdesign, германскиот производител разви прототипен модел кој претставува комбинација од електричен автономен автомобил со патничко беспилотно летало

Прототипот на Audi наречен Pop.Up Next го изведе својот прв јавен тест на летање на Неделата на беспилотни летала во Амстердам. Овој тест се состоеше од поставување на паничката кабина на земјениот модул од страна на летачкиот модул кој беше автономно управуван.

И покрај тоа што овој прототип претставува скаларен модел од 1:4, со овој тест се докажа одржливоста на концептот. Од Audi тврдат дека верзијата во целосна големина ќе пристигне во наредната деценија, нудејќи им на корисниците лесен и ефикасен летачки такси сервис во големите градови.         Патниците ќе можат да пристигнат до посакуваната дестинација без притоа да мораат да ги менуваат возилата.

„Летачките такси возила се на пат, ние сме убедени во тоа. Во иднина постарите граѓани, децата и луѓето без возачка дозвола сигурно ќе сакаат да користат еден ваков вид на  роботски такси возилa“, изјави член на одборот на директори на Audi и претседател на Italdesign, д-р Бернд Мартенс.

audi

Во соработка со подружницата на Airbus – Voom, Audi врши дополнителни тестови во Јужна Америка. Кога клиентите ќе резервираат хеликоптерски летови во Мексико Сити или Сао Паоло, возило на Audi се користи со цел да се заврши патувањето од или до местото на слетување. Ова и помага на компанијата подобро да ги разбере потребите на патниците пред Pop.Up Next да стане оперативен.

Наскоро овој германски производител ќе започне со тестирање на ова летачко такси и на своја локација во Инглоштат, како дел од проектот наречен Urban Air Mobility.

Поврзани вести

Back to top button