НАСЛОВНАСАЕМИ

Пекинг 2018: DS најави нов електричен концепт

Францускиот бренд DS, дел од портфолиото на PSA Group, ги објави првите фотографии и кратко видео на новиот концептен автомобил

Машината го носи името DSX E-Tense и најверојатно ќе биде прикажана за време на изложбата во Пекинг подоцна овој месец.

Додавањето на E-Tense во пракса значи дека ќе видиме електрично возило или барем со помош на електричен мотор. Тизерот алудира дека Французите се подготвени да направат две верзии на DSX E-Tenseт – една стандардна со покриена кабина и една со отворен кокпит и место само за пилот, слично на болидите од Formula E. Од сликите станува јасно дека студијата има форма на спортско купе од висока класа со динамичен страничен профил, долг капак и кратки преден и заден препусти.

DSX E-Tense

Клучни зборови

Поврзани вести

Close