fbpx

Peugeot цели високо – ексклузивно интервју со Жером Мишерон

Тимот на Авто Плус, единствен од Македонија имаше можност да поразговара за сегашноста, иднината, стратегијата и очекувањата на марката со Жером Мишерон - продукт менаџер на Peugeot

Зборувавме за веќе започнатата транзиција на Peugeot која ветува возбудливи времиња исполнети со многу свежи и интересни идеи, огромен развоен потенцијал и желба за истакнување на вредностите. Овие предиспозиции на брендот треба да му донесат вистински премиум карактер кои што ќе го постави скалило повиско.

По одличните првични реакции на сите што имаа можност да ја видат новaта генерација на Peugeot 308 и неговата богата палета на двигатели, веднаш се наметнува и прашањето дали марката предвидува верзија која ќе биде наменета за ентузијастите и дали може да очекувааат PSE изедба на 308 со погон на сите тркала.

Од марката велат дека сеуште не се спремни да откријат кои се понатамошните планови за тукушто преставениот 308 и како ќе се шири неговата палета во иднина. Но, сепак беше истакнато дека PSE стартуваше нов концепт во рамките на групацијата преку кој се прикажани вископерформанси можности – сето тоа е благодарение на електрификацијата, што е видливо преку моделот 508 PSE кој е првенец во ова ново поглавје, постигнувајќи високи вредности, одлични возни карактеристики, а за цело време емитувајќи минимално ниво на штетна емисија на гасови. Во врска со моделот 308 е предвидено нешто друго. Рано е да се говори на таа тема, целта е да се презентираат перформанси во сосема нов контекст, во тој поглед СО2 гасовите играат голема улога, интерно се користи изразот „Neo Performance“ што означува дека станува збор за возила од нова генерација. За сега се знае дека како високоперформансна изведба од оваа класа ќе се појави сосема нов модел за кој што засега не може да се открие каков тип на двигател и погон ќе користи,.. сите опции се во игра, можеби хибридна опција … но, тука е и можноста за целосно електричен двигател?

Компаниската стратегија е кристално јасна, брендот да се движи „up market“, што значи дека автомобилите се позиционираат повисoко на пазарот. Клиентите во последните години се добро упатени во автомобилскиот свет и многу добро знаат што треба да поседува модерен автомобил кој цели на врвот. Француската марка јасно ги прифаќа нивните барањата за тоа како треба да изгледаат, нивото на технологија што треба да го поседуваваат и какви возни карактеристики се во фокус, сè со цел да се задоволат нивните очекувања и потреби. Затоа, новата генерација на моделот 308 на пазарот своите соперници првично ги гледа во премум конкурентите од типот на Audi A3, BMW серија 1 и Mercedes A класа. Секако и останатите меинстрим модели не смеат да се отфрлат во целост, бидејќи купувачите секогаш пред да го направат финалниот избор детално го проверуваат опсегот на конкурентските играчи.

Стратегиски во групацијата „Stelantis“ е предвидено да се споделуваат платформи помеѓу марките, но на крајот од денот секој модел во себе носи специфика која го идентификува и издвојува од останатите, со што јасно ја прикажува припадноста на брендот од кој доаѓа, преку дизајнот, возните особини и начинот на кој и се обраќа на публиката. Како што пред извесен период изјави и Карлос Таварес, Peugeot ја зазема премиум позицијата, додека во „меинстрим“ кластерот сега таа улога ќе му припадне на Opel.

Преставувањето на новото лого е чекор кој ги соединува минатото и иднината на брендот Peugeot, со што се одава почит на 120 годишнината од постоењето, почитувајќи ги постигнатите вредности и создавајќи нови кои ќе остават белег во историјата. Како што возилата кои ги создава марката стануваат се пософистицирани и посмели во својот дизајн, така природата на нештата се менува и еволуираат, со што на модерното време му се додава нешто што е традиционално за марката интерпретирано со сосема нов поглед на иднината. Исто така, преку обликот на идните модели до израз се повеќе ќе доаѓа силниот дизајн кон кој се стреми тимот. Воедно, бараат малку трпение бидејќи во моментов се разгледуваат многу интересни идеи што треба да донесат вистински изненадувања во тој дел.

Во поглед на моторизацијата како што вели и новиот слоган „Power of Choice“, Peugeot со секој новопретставен модел нуди и елктрифицирана изведба, така во зависност од моделот постојат Hybrid, PHEV или EV верзии, а неодамна се преставени и лесните комерцијални возила кои како погонско гориво користат хидроген што со продажба ќе стартуваат од крајот на годината. Иднината е секако електрична, следејќи ги резултатите на новите модели за кратко време е постигнат е импресивен резултат, кај е-208 е забележано учество повисоко од 15% во продажбата на моделот, а во опсегот на 3008, PHEV изведбата е застапена со речиси 20%.

Трендот со враќањето на некои успешни модели од минатото во модерно интерпретиран облик засега не се приоритет на марката. Таков е примерот со концептот e-Legend што преставуваше манифест преку кој се прикажани можностите за соединување на овие две крајни точки, богатата историја и нејзиното модерно доживување. Стилска вежба која не е предвидено да се преточи во сериска изведба – истакна директорот Жером Мишерон на краткото интервју.

Поврзани вести

Back to top button