fbpx

Peugeot импресионира со e-Legend Concept

Peugeot откри информации за концепт на автомобил, кој ќе биде претставен на Париската меѓународна изложба на почетокот на следниот месец. Новиот автомобил го носи името e-Legend, а инспирација за неговиот развој, инженерите и дизајнерите на брендот го нашле од минатото, сегашноста и иднината.

Со основни димензии, должина 4650 mm, ширина 1930 mm, височина од само 1370 mm и меѓуоскино растојание од 2690 mm. Peugeot e-Legend ќе дебитира со иновативен систем за управување со два автономни и два рачни режими, кои ќе можат да бидат избирани во зависност од сообраќајната ситуација или расположението на возачот.

Автономниот режим – SOFT е дизајниран за постигнување на најголема можна удобност за возачот и неговите придружници. А SHARP акцентот е за прецизно и динамично управување. Во зависност од избраниот режим, ентериерот на e-Legend ќе се менува. Воланот се крие за подобра видливост на 49-инчниот екран, предните седишта се навалуваат, се активираат потпирачи за раце. Основните контролни уреди и функции остануваат под контрола преку централната конзола интегрирана во возачкото седиште.

e-legend

Двата рачни режими на управување на Peugeot e-Legend се означени како Legend и Boost.

Првиот има акцент врз непреченото, а вториот врз динамичното однесување на патот. Системот за возење на Peugeot e-Legend Concept е целосно електричен, со вграден батериски пакет со импресивни 100 kWh и погон на четири тркала. Погонот нуди моќност од 462 коњски сили и вртежен момент од 800 Nm, кои се доволни за да може концептот да се забрза од 0 до 100 km/h за помалку од 4 секунди и да развие максимална брзина на движење од 220 km/h.

Со полна батерија на e-Legend, Peugeot ветува автономија од 600 километри. Додека полнењето за 500km може да биде достигнато за 25 минути со системот за брзо полнење.

 

Поврзани вести

Back to top button