Peugeot Landtrek ќе се произведува во Латинска Америка
Главниот адут на Peugeot во сегментот на пикап камионети, моделот Landtrek, ќе се произведува на тлото на Латинска Америка
За време на лансирањето во Јужна Америка, од редовите на Peugeot потврдија дека новиот пикап камионет Landtrek, покрај производството во Кина, ќе се произведува и на тлото на Латинска Америка. Не е објавено конкретно во која земја, но според индикациите, тоа ќе биде во Уругвај, каде Peugeot има своја фабрика.
Сепак, производството нема да започне веднаш, а на овој пазар, кој е исклучително важен за француската марка, особено за моделот Landtrek, ќе се продава модел кој е увезен од Кина, како што е случајот и со Мексико. Пикапот, со кинеско производство, ќе биде лансиран и во други земји од Јужна и Централна Америка, додека на најголемите пазари како Бразил, Аргентина и Колумбија, пикапот ќе се продава откако производството ќе стане локално.
Ова ќе му овозможи на Peugeot да има подобра позиција во однос на жестоката конкуренција, а Landtrek ќе се продава во две верзии – Active, со погон на две или сите четири тркала, или Action кој ќе биде само со погон на четири тркала. Како дел од опремата Peugeot ќе нуди активен темпомат, 10-инчен екран на допир за инфозабавниот систем, 180-степена камера, компатибилност со Apple CarPlay и Android Auto, додека во повисокото ниво на опременост ќе се нуди пристап без клуч, навигациски систем, LED фарови, 18-инчни тркала, 4,2-инчен дигитален инструмент кластер, хромирани детали на предната решетка и рачките од вратите, кожни седишта, двозонска автоматска клима и паркинг сензори.
Под хаубата има две моторни опции, а тоа се 2,4-литарскиот турбо бензинец со 210 КС, односно 1,9-литарскиот турбо дизел со 150 КС.