fbpx

PEUGEOT го најави 308 TCR

Peugeot Sport објави први информации, видео и фотографии од новиот тркачки автомобил 308 TCR, развиен врз основа, но со сериозни подобрувања, врз натпреварувачкиот 308 Racing Cup, што пак од своја страна го користи како основа спортското 308 GTi

PEUGEOT 308 TCR е наменет за употреба во пистовата категорија TCR (WTCR од оваа година) на FIA, а доаѓа со специјално развиена суспензија, мотор, менувач и аеродинамика. Автомобилот ги исполнува сите барања на бројни национални и меѓународни шампионати, вклучувајќи VLN (во Германија), CER (Шпанија), CITE (Италија), BGDC (Белгија) и други, а може да се користи и во голем број на натпревари за издржливост, вклучувајќи ги и 24 часа Ле Ман.

Од Peugeot Sport коментираат дека тимот завршил одлична работа со 308 TCR, а работел главно на подобрувањето на моторот. Четирицилиндерскиот турбоагрегат на автомобилот е во состојба да развие максимална моќност од 350 коњски сили и вртежен момент од 420 Nm, а во исто време е во состојба да понуди работа во тркачки режим од 5.000 километри или речиси двојно повеќе отколку целиот WTCR шампионат. Peugeot Sport веќе прифаќа барања за купување на 308 TCR, а првите испораки на клиенти ќе бидат реализирани во април. Јавното деби на автомобилот ќе се одржи во март на Меѓународниот саем во Женева.

Peugeot 308 TCR
1 | 308 TCR
2 | 308 TCR

    Поврзани вести

    Back to top button