fbpx

Peugeot го произведе 2008 со број 1.000.000 во Мулхаус

Peugeot најави дека по шест години од пазарното лансирање на SUV моделот 2008, еден од најпродаваните за брендот на глобално ниво, достигна производствената граница од 1.000.000 единици во фабриката на компанијата Мулхаус

Во Мулхаус, секој ден од склопување излегуваат по 780 претставници на 2008, а резултатот за целата 2018 година е на ниво од 193.000 единици. Со 62% од компонентите произведени во Франција, возилото ја носи ознаката „Origine France Garantie“ уште од самото лансирање на пазарот.

2008

Јубилејниот претставник на Peugeot 2008 од Мулхаус е бела верзија Crossway Pure Tech 130, опремена со шест-брзински мануелен менувач. Peugeot 2008 се произведува во Европа, Кина и Латинска Америка и вкупниот број на склопени претставници е над 1.210.250 единици.

Поврзани вести

Back to top button