fbpx

Pininfarina го покажа егзотичниот модел Battista

Automobili Pininfarina упати новогодишнa честитка кон светот, каде откри дел од дизајнот на предниот дел на целосно новиот и прв од ваков вид електричен модел Battista

Automobili Pininfarina упати новогодишнa честитка кон светот, каде откри дел од дизајнот на предниот дел на целосно новиот и прв од ваков вид електричен модел Battista, кој ќе дебитира пред публиката за време на меѓународниот саем во Женева во март.

battista
Battista ќе биде збир и ќе биде достапен во ограничено издание до 150 примероци, од кои секоја единица по основна цена е помеѓу 2 и 2,5 милиони долари. Pininfarina Battista, се очекува да предложи автономија на движење од над 480 километри и ќе располага со целосно карбонска шасија, очекуваната моќност на погонскиот систем на електричниот модел е околу 1.900 коњски сили, а вртежниот момент ќе биде 2.300 Nm.

battista
Со овие перформанци, автомобилот ќе биде способен да забрза од 0 до 100 km/h под 2 секунди и максимална брзина на движење од над 400 km/h. Со ова Battista ќе стане најбрзата и најмоќна италијанска „макина“.

Поврзани вести

Back to top button