fbpx

Polestar 2 со премиерa на 27 февруари

Polestar објави дека официјалната премиера на вториот автомобил на марката - Polestar 2, ќе се одржи на 27 февруари во Гетеборг, Шведска, и ќе може да се проследи онлајн на нивната веб страна, како и во каналот на компанијата на YouTube.

Недела по светската премиера, Polestar 2 ќе се појави и за време на меѓународниот саем во Женева на почетокот на март. Производството на 100% електричниот Polestar 2 ќе започне набргу по plug-in хибридот Polestar 1, кој се очекува да почне со склопување подоцна оваа година.

Polestar 2 ќе предложи автономна километража од околу 300 милји или 480 километри, а силата на погонскиот систем ќе биде околу 400 коњски сили. Polestar 2 ќе биде опремен со новиот систем Google Android HMI оперативен систем, кој беше најавен на саемот во Детроит.

Поврзани вести

Back to top button