fbpx

Polestar 2 ќе биде првото Volvo со Android инфозабавен систем

Вториот модел на компанијата Polestar ќе биде првиот автомобил од семејството на Volvo кој ќе го користи Android оперативниот систем

Вториот модел на компанијата Polestar претставува прв целосно електричен
автомобил на истата кој ќе дебитира во 2020 година под името Polestar 2. Овој модел
претставува првиот автомобил од семејството на Volvo кај кој ќе биде вграден Android
оперативен систем во инфозабавниот систем.

Од Volvo неодамна потврдија дека ќе го воведат Android во својата нова генерација на
инфозабавен систем, но тогаш не нагласија кој модел прв ќе го добие овој систем. Во
интервју на шоуто во Лос Анџелес, Хенрик Грин, шефот на одделот за истражување и
развој на Volvo, изјави дека првиот автомобил кој ќе го има овој систем ќе биде
моделот Polestar 2.

Според Хенрик Грин, вградувањето на Google Assistant, Google Play Store, Google Maps
и други Google услуги во новиот Sensus инфозабавен систем, претставува единствено
логично решение за во иднина. Сепак, iOS корисниците не треба да бидат загрижени,
затоа што системот ќе биде компатибилен и со Apple CarPlay.
“Ние сакаме да им пружиме фантастично искуство на нашите потрошувачи, каде што
нивните автомобили се беспрекорно интегрирани како и секој друг уред. Откако
дојдов до тој заклучок, беше супер лесно да се вклопите со вградената програма на
Android “, изјави тој.

Целосно електричниот Polestar 2 ќе биде инспириран од 40.2 концептниот седан
модел на Volvo кој беше прикажан во 2017 година. Со цел да биде одличен конкурент
на Tesla Model 3, Polestar 2 ќе има електричен опсег од 563 километри, ќе испорачува
моќност од над 405 коњски сили, а притоа ќе биде со почетна цена од 40.000 долари.

 

Поврзани вести

Back to top button