Polestar ќе го снабди Hertz со 65.000 електрични возила
Hertz и Polestar најавија ново партнерство според кое компанијата за изнајмување автомобили ќе купи 65.000 електрични возила
Компанијата за изнајмување на возила, Hertz, го најави своето ново партнерство со шведскиот производител на електрични автомобили Polestar, според кое Hertz ќе купи 65.000 електрични возила од производителот во следните пет години.
„Возбудени сме што имаме можност за оваа соработка со Polestar и едвај чекаме да ги претставиме нивните премиум ЕВ производи во нашата компанија и флота. Новото партнерство со Polestar дополнително ја надградува нашата амбиција да станеме водечки учесник во модерниот екосистем на мобилност и го правиме тоа како компанија која е насочена кон околината“, изјави извршниот директор на Hertz, Стивен Шер.
Купувањето на 65.000 возила е дел од глобалното партнерство, велат компаниите, кои ќе им овозможат на европските клиенти да започнат со изнајмување на Polestar возила преку Hertz оваа пролет. Северноамериканските и австралиските клиенти, во меѓувреме, ќе треба да почекаат до крајот на 2022.
Hertz има за цел да ја поседува една од најголемите ЕВ флоти во светот
„Големо задоволство е што Hertz го избра Polestar како стратешки партнер на нивниот пат кон електрификацијата. Партнерството со глобален пионер како Hertz носи неверојатно искуство на возење електричен автомобил за пошироката јавност, задоволувајќи го шоирокиот спектар на разноликост на побарувањата на нашите заеднички клиенти на кратки и долги периоди. За голем број од нив, можеби ќе биде првпат да возат електричен автомобил, а тоа ќе биде Polestar“.
Овој договор е дел од посветеноста на Hertz, најавена во октомври, да стане компанија за изнајмување на автомобили со најголемата ЕВ флота во Северна Америка и една од најголемите во светот. Во тоа време, исто така беше најавено дека ќе купат 100.000 Tesla автомобили, иако Елон Маск подоцна фрли сомнеж кон сериозноста на тој договор. Компанијата исто така планира да ги понуди електричните автомобили на возачите кои користат „rideshare“ варијанта.
„Со соработката со лидер во електричната мобилност како Polestar, можеме да забрзаме со прифаќањето на електрификацијата, а притоа да нудиме премиум ЕВ производ, извонредно искуство и помал карбонски отпечаток“, изјави Шар.