fbpx

Polestar не смее да го користи своето лого во Франција

Тригодишната правна битка меѓу Citroen и Polestar резултираше со тоа што судот во Франција привремено го забрани логото на шведската компанија

Citroen тврди дека логото на Polestar има преголема сличност со нивното препознатливо знакче, како и она на DS брендот. Францускиот производител првично побара од матичната компанија на Polestar, Volvo, да престане да го користи логото во 2017 година, но шведската компанија го одби тоа.

Polestar сега потврди за медиумите дека постои отворен случај во Франција, со тоа што портпаролот на компанијата истакна: „Polestar не работи во Франција и во моментов немаме планови да работиме во оваа земја. Постои отворен случај во земјата, а се однесува на користењето на логото на Polestar, инициран од Citroen“.

„Иако не можеме да коментираме за деталите на случајот, ние силно веруваме во позицијата на нашиот вренд и нашето лого. Ние го препознаваме тоа како нов, возбудлив автомобилски бренд на пазарот со амбициозни планови да го издигнеме профилот на електричната мобилност, можно е да го привлечеме вниманието на етаблираните производители. Овој случај се однесува само на Франција и не опфаќа ниту една друга земја“.

Citroen првично го однесе целиот случај до Европската канцеларија за интелектуална сопственост, но немаше посериозен узпех. Француските судови сепак не ги одбија, наредувајќи му на Polestar да го користи своето лого шест месеци, почнувајќи во јули 2020 година и да му исплати 150.000 евра на францускиот производител, плус 70.000 евра за судски трошоци.

Се уште не е јасно што ќе се случи кога шестмесечната забрана на логото на Рolestar ќе истече во јануари.

Поврзани вести

Back to top button