fbpx

Polestar ги продолжува испитувањата на Polestar 1 (Видео)

Polestar,кој е дел од гигантот Volvo Cars, објави дека реалните тестирања на првите VP(Verification Prototype) прототипи на првиот модел на марката, продолжуваат со полна сила, следејќи ja поставената цел за почеток на производство на уникатниот автомобил кон средината на следната година.

Во моментов, новоформираната компанија спроведува тестови при удар и во аеродинамичен тунел, така што ќе се добијат реални услови за проценка на однесувањето на суспензијата и комплетно чувство одуправувањето. „Кога и да го управувате Polestar 1, треба веднаш да почувствувате дека вие сте оној кој ги контролира работите и дека автомобилот е подготвен да одговори насекое ваше движење, без разлика што сакате да направите“, коментираат од Polestar.„Овае GT што треба да се управува лесно и да е погодно за секојдневна употреба со својот мазен и тивок хибриден систем, но во исто време треба да е подготвен да ги обезбеди своите 600 коњски сили и 1000 Nm кога возачот ги сака“.

Polestar 1 е дво вратно купе се четири места со хибриден погон што ќе понуди на возачот максимална моќност од 600 коњски сили и максимален вртежен момент од 1000 Nm. Овие параметри автоматски го поставуваат автомобилот во сегментот на спортот, а особено луксузните автомобили. Уникатна карактеристика на Polestar 1, ќе биде таа дека тој ќе биде во можност да поминево чист електричен режим до 150 километри, што го става на врвот кај хибридните по овој параметар.

Поврзани вести

Back to top button