fbpx

Polestar го подготвува својот прв модел

Откако стана јасно дека досегашното фабричко тјунинг-ателје на Volvo - Polestar, ќе стане самостојна марка, рејсинг стручњаците пристапија сериозно во развој на првиот модел

Премиерата ќе биде на 17 октомври, а дотогаш оваа слика ќе се дополнува со мали парчиња како загатка.

Долги години Polestar ги доработуваше моделите на Volvo, претворајkи ги сигурните шведски автомобили во возбудливи моќни и брзи изведби. Пред некое време Volvo ја купи компанијата, што се покажа како вистински потег, за да продолжи развојот на специјализираната единица.

PolestarИако има најави дека се работи на првиот модел, нема никаква информација од Polestar, дали станува збор за сериска верзија или за концепт. Но, се претпоставува дека созданието на Polestar ќе има сличности со импресивниот прототип Volvo Concept Coupe, кој иако беше прикажан за прв пат пред 4 години, сеуште е актуелен. Имаше гласини дека концептот ќе дојде до производство, но тие никогаш не беа потврдени. Можеби сега тоа ќе се случи?!

Шведските медиуми шпекулираат дека станува збор за купе со моќност 600 коњски сили и лесна каросерија, создадена од фиброкарбон. Со оглед на можностите и традициите на Polestar, ова е совршено логична претпоставка.

Поврзани вести

Back to top button