ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

И Полска со законски регулативи за влез на возила во метрополите

Полската влада усвои закон за плаќање на влез во еколошки чисти области на градовите уште во декември минатата година

Во моментов, документот донесува одобрување во Сенатот, а неговото влегување ќе стапи на сила две недели по објавувањето на официјалната веб страница на владата.

Првично проектот предвидуваше ограничување при влегување во центрите на градовите само за старите автомобили, но во процесот на неговото анализирање и доработка, истиот е проширен и ќе важи за сите автомобили со мотори со внатрешно согорување. Новиот закон ќе влијае на сите автомобили со класични бензински и дизел мотори, а за „чисти еколошки зони“ ќе бидат прифатени градските центри.

Надоместокот ќе изнесува 30 злоти дневно (околу седум евра).

ПолскаДали таксата ќе реши соодветните проблеми на градските власти, останува да видиме, но јавноста очекува дека под изговор за борба со смогот, општините ќе имаат корист од новата можност за пополнување на касите. Општините на Вроцлав, Краков и Торун веќе цврсто изјавија дека воведувањето на еколошките зони е целосно и навремено реализирано.Таксата нема да ја плаќаат само сопствениците на возила на алтернативни погони.

Дополнителен бонус за нив ќе биде бесплатен паркинг и можност за користење на специјалните ленти за автобусите до 2025 година. Информативниот центар на полската Влада соопшти дека за сторителите на прекршоци согласно новиот закон за ограничување на влегувањето во еколошките зони на градовите, ќе бидат казнети со 500 злоти (околу 120 евра) Зоните ќе бидат отворени 24 часа на ден, но збараната нема да важи за празниците.

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close