fbpx

Porsche 911 конечно добива и опционален рачен менувач

Porsche конечно ги израдува ентузијастите, одкако потврди дека престојниот 911 конечно ќе добие и седум-степен рачен менувач

Новиот рачен менувач ќе биде опционален и без никаква доплата ќе се најде кај моделите 911 Carrera S и 4S Coupe и Cabriolet. Она што е непознато е дали на крајот ќе се понуди и кај влезното ниво на Carrera, но сепак фановите на рачните менувачи конечно добиваат алтернатива покрај осум-степениот автоматски менувач.

Можеби цената на новата конфигурација останува иста, но она што ќе ги чини идните корисници на мануелниот 911 е бројката поврзана со забрзувањето до 100 km/h, која од 3,4 секунди кај автоматскиот 911, расте на време од околу 4 секунди. За среќа, максималната брзина останува иста со 306 km/h. Позитивна карактеристика е и намалувањето на тежината, која од паѓа на 1.496 килограми, односно за 38,1 килограми во споредба со 911 опремен со автоматски менувач.

Новата конфигурација на 911 со рачен менувач ќе доаѓа како стандард со пакетот Sport Chrono. Автомобилите исто така ќе имаат и механички диференцијал со ограничено лизгање со функција за векторски вртежен момент.

Porsche

Поврзани вести

Back to top button