МАКЕДОНИЈАНАСЛОВНА

Porsche Driving Experience 2019

На самиот почеток од месец мај на покана од ексклузивниот импортер за возилата на престижната германска марка Porsche за Македонија имавме можност да учествуваме во настанот кој ги опфаќа земјите од Централна и Источна Европа

Караванот на Porsche Driving Experience оваа година го сочинуваа 7 седум модели од гамата на компанијата: Cayman Т, Boxster GTS, 911 Carrera S, 911 Carrera 4S Panamera Turbo Ѕ E-Hybrid, Macan S и Cayenne Turbo.

Планираните случувања и правила по кои требаше да се водиме беа презентирани од страна на инструкторите и одговорните лица, а рутата оваа година низ најраскошните предели на мавровското езеро, галичник и делови од поречкиот крај.

718 Cayman T

Најмалиот во гамата, моделот 718 Cayman T е задвижуван од 4 цилиндерски боксер агрегат кој е поставен централно, веднаш зад седиштата, а пред задната осовина, со што е добиен идеален баланс и распределба на тежината кои се пак основните предуслови за одличната управливост.

Porsche

За погонување е задолжен доработениот 2.0 турбо мотор со 300 КС чии што перформанси се повеќе од секојдневни, од 0 до 100 км/ч стигнува за 5,3 секунди, додека стрелката на брзиномерот запира во близина на 275 км/ч. Со најмала моќност од сите автомобили во групата 718 Cayman T е создаден за уживање во возењето и забава. Врвните возни својства се добиени со помош на намалената тежина и доработеното потирање на автомобилот.

Porsche Boxster GTЅ

Бидејќи временските прилики ни одеа во прилог седнавме зад управувачот на 718 Boxster GTЅ. Првиот чекор што следеше беше спуштањето на платнениот кров, со неговото отварањето покрај уживањето во пријатното време автомобилот ни овозможи потполно аудио задоволство кое го испраќа издувниот систем.

Porsche

Придвижуван од 2.5 литарски четирицилиндричен боксер мотор кој располага со моќ од 365 КС и агрегат централно поставен, веднаш зад седиштата а пред задната осовина, овој автомобил овозможува перформанси за почит. Од место на мирување до 100 км/ч во малиот кабриолет се стигнува за точно 4,1 секунди а неговата крајна брзина е 290 км/ч.

911 Carrera S и Carrera 4Ѕ

Новитетот доаѓа само во еден каросериски облик кој е проширен на задниот дел, детал карактеристичен за помоќните изведби на „911“ во минатото. Моделот 911 Carrera кој е основа на целата марка, познат по својата одлична управливост и беспрекорна избалансираност, ја поместува границата и го поставува 911 на ново, повисоко ниво од кога и да е досега.

Боксер агрегатот со 6 цилиндри и зафатнина од три литри е основа, а кај верзијата Carrera S и 4Ѕ произведува 450 КС. Силата во зависност од верзијата се пренесува само на задната осовина или на сите 4 тркала, преку нова 8 степена PDK менувачка кутија која се карактеризира со исклучителна брзина при промена на степените.

Porsche

Во зависност од верзијата забрзувањето е различно, односно до 100 км/ч трае 3,5 секунди, а максималната брзина оди на 308 км/ч достигнува кај моделот со заден погон, додека изведбата со погон на сите тркала забрзува до 100 км/ч за 3,4 секунди и има за 2 километри пониска крајна брзина.

Panamera S E-Hybrid

Првиот модел на компанијата кој го доби новиот хибриден систем развиен да работи во спрега со исто така новиот 4 литарски V8 турбо агрегат е токму Panamera S E-Hybrid. Комбинацијата од двата двигатели произведува вкупна моќност од 680 КС кои обезбедуваат перформанси на забрзување достојни на крстосувачка ракета.

Стрелката на брзиномерот запира на 310 км/ч, од 0 до 100 км/ч се катапултира за 3,4 секунди а за цело време со себе ја носи и тежината од минимални 2.385 кг. Покрај атлетските моќи Panamera S E-Hybrid може да го покаже и своето второ јас, со притискање на едно копче магично да се претвори во автомобил кој на најдобар можен начин се грижи за околината и по урбаните средини да се движи исклучително тивко и смирено.

Porsche

Тоа се должи на електричниот склоп со моќ 136 КС кој со помош на батерискиот систем од 14 Kwh обезбедува автономија од 40 км само на електричен погон и тоа сe додека стрелката на брзиномерот не стигне до 130 км/ч.

Macan Ѕ

Неодамна обновениот Macan во Скопје пристигна во својата најмоќна изведба за сега. Најмалиот SUV од гамата на возила го движи моторот во V6 твин-турбо конфигурација со зафатнина од 3 литри кој произведува 354 КС. Забрзува до 100 км/ч за 5,1 секунди со максимална брзина од 250км/ч.

Осмислен како возило за млади семејства кое во себе идеално го комбинира дизајнот, практичноста и спортските афинитети, овој модел секогаш е подготвен за авантури и акција како во секојдневниот сообраќај, така и на отворен пат, но и на терен каде што може да ги покаже своите 4х4 способности.

Cayenne Turbo

Знаменосецот на компанијата, кога се во прашање SUV возилата на марката не остава ништо на случајноста, затоа Cayenne во понудата го има моделот Turbo. Со 4 литарски V8 мотор со моќ од 550 КС, оваа моторна опција се одликува со исклучителни перформанси затоа сметаме дека постигнувањата на 2.250 кг тешкото возило се фасцинантни.

Големиот SUV забрзува до 100 км/ч за 3.9 секунди а стрелката за забрзување оди до крајните 286 км/ч. Силата се испорачува преку Tiptronic S менувачот со 8 брзини кој работи исклучително мазно и секогаш е во вистински степен на пренос.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close