Porsche го претстави 99X Electric за Formula E

Porsche со 99X Electric ќе стартува за прв пат во Formula E во сезоната 2019/20, каде во пилотската кабина ќе седнат возачите Нил Јани и Андре Лотерер

Развојот на „Porsche E-Performance Powertrain“ одигра централна улога во тркачкиот автомобил уште од самиот почеток. Регулативите на Formula E предвидуваат стандардна шасија и стандардна батерија, додека погонските технологии ги развиваат самите производители.

Инженерите на Porsche се ослонија на развојниот процес на LMP1 во развивањето на погонската линија за Formula E. Porsche 99X Electric исто така служи како развојно возило за идните целосно електрични производни возила.

99X Electric

„Гледајќи наназад, го поставивме камен темелникот за идното вклучување на Porsche во Formula Е за време на проектот LMP1. Ние го искористивме ова стекнато знаење во развојот на погонот на Porsche Formula E. Се фокусиравме на градење високоефикасен погон со максимална ефикасност,“ изјави Малте Хунеке, менаџер за технички проекти на Formula Е. 800 волтната технологија што се користи во Formula Е, исто така, ќе се користи во првиот електричен спортски автомобил на брендот, Taycan.

Првиот официјален настап на тимот на Porsche Formula E ќе се случи кон средината на октомври 2019 година, во Валенсија, кој ќе претсавува тест за официјалната прва трка во ноември.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close