ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Porsche GT2 RS: Новиот рекордер на Nurburgring

Porsche објави дека компанијата, заедно со Manthey-Racing, постигнале нов рекорд за најдобар круг со сериски автомобил на легендарната писта Nurburgring

Новото најдобро достигнување е 6:40.3 минути,а истото е регистрирано со моделот GT2 RS, каде Manthey-Racing имаа помош во областа на суспензијата и аеродинамиката на возилото. Од Porsche велат дека единствената измена која ја нанеле, била поврзана со замена на седиштето на возачот, а сите други подобрувања на возилото се достапни за купување со верзијата GT2 RS MR на Manthey-Racing.

Porsche GT2 RS е опремен со 3.8 литарски мотор кој е во состојба да генерира максимална моќност од 700 коњски сили и 750 Нм вртежен момент. Максималната брзина на движење на возилото е 340 km/h, а забрзувањето од 0 до 100 km/h е изводливо за само 2,8 секунди.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close