fbpx

Porsche ја откри целата постава на Taycan Sport Turismo

Во поставата на Porsche Taycan сега се вклучени три различни каросериски изведби, а покрај регуларниот модел, тука се Taycan Cross Turismo и Taycan Sport Turismo

Porsche Taycan ја доби својата Sport Turismo варијанта во ноември минатата година и тоа во GTS изведба, а германската марка сега ја претстави комплетната постава на Sport Turismo за европскиот пазар, следејќи ги погонските опции на стандардниот Taycan и авантуристичкиот Taycan Cross Turismo.

Porsche Taycan Sport Turismo

Новиот Taycan Sport Turismo е всушност Cross Turismo за патиштата, отстранувајќи ги пластичните заштити околу каросеријата за поелегантен изглед во комбинација со помал клиренс. Погонските варијанти се различни со поинакви тркала и дополнителни додатоци и парчиња како дел од боди-китот, како што е затемнетиот третман на GTS изведбата или карбонските инсерти во Turbo S.

Porsche Taycan Sport Turismo

Сите Sport Turismo верзии ја задржуваат силуетата на хечбек караван со пет врати, овозможувајќи поголема пространост во кабината. Во внатрешноста, просторот за главата е зголемен за девет милиметри за возачот и совозачот, односно за 45 милиметри за патниците на задната клупа. Зависно од опремата, во багажникот има простор до 446 литри во конфигурација со пет седишта, а достигнува до 1.212 со поклопена задна клупа, како и 84 литри багажен простор под хаубата.

Porsche Taycan Sport Turismo

Централната контролна табла е споделена со стандардниот Taycan, што значи дека ја задржува поставката со повеќе екрани и најновата верзија на PCM инфозабавниот систем со навигација, како и унапредените Voice Pilot i Charging Planner системи. Опционалниот панорамски покрив со Sunshine Control технологија овозможува повеќе светло во кабината кога е потребно, со оглед на тоа дека деветте секции можат да се контролираат индивидуално за да бидат транспарентни или непроѕирни. На крајот, тука е опционалниот Remote Park Assist кој му овозможува на возачот да влезе и да го напушти паркинг просторот без да влезе во возилото. Сите варијанти покрај базичниот модел се одликуваат со адаптивен воздушен систем на потпирање со Porsche Active Suspension Management.

Препознатливи погонски опции

Taycan Sport Turismo е достапен со истите погонски опции како и регуларниот Taycan. Ова значи дека базичниот модел е со погон на задните тркала и сите други варијанти се со погон на сите четири тркрала. Базичниот Taycan и Taycan 4S се достапни со стандардната 79,2 kWh батерија, но исто така можете да ја добиете опционалната 93,4 kWh Performance Battery Plus која нуди поголема моќност и згоелемн опсег на движење до 498 километри.

Porsche Taycan Sport Turismo

Стандардните моќности се 326 КС или 380 КС за Sport Turismo, 435 KС или 490 КС за 4S, 517 КС за GTS и 625 за Turbo и Turbo S. Сите нудат „overboost“ режим за уште поголема моќност која може да достигне до 761 КС кај знаменосецот Turbo S. Благодарение на тоа, забрзувањето до нула до „стотка“ се стигнува за 2,8 секунди, а максималната брзина е 260 километри на час.

Новиот Taycan Sport Turismo ќе биде лансиран во Европа во февруари, почнувајќи со GTS изведбата, а останатите варијанти ќе бидат достапни од средината на март.

Поврзани вести

Back to top button