fbpx

Porsche со своја нова палета- мед!

Porsche ја започна продажбата на мед од пчели кои се чуваат во рамките на фабриката на брендот во Лајпциг

Производот се вика Turbienchen и се продава во автомобилската продавница на компанијата на територијата на комплексoт.

Во моментов, во природниот дел на фабриката од 40 хектари има 25 колонии на пчели со околу 1,5 милиони инсекти. За нивната прва сезона, од мај претходната година, тие произведоа околу 400 килограми липов мед. Во Германија пчелите заштитени со федерален закон за заштита на природата и федералните правила за заштита на видовите. Тие се усвоени поради големиот пад на популацијата на пчели, поради употребата на пестициди во земјоделството и појавата на нови вируси и бактерии.

Turbienchen мед
1 | мед
2 | мед

    Иницијативата на познатиот германски спортски бренд е насочена кон зголемување на популацијата на корисни инсекти, кои се важни за биодиверзитетот. Проектот за заштита на животната средина на Porsche е единствен во автомобилската индустрија.

    Покрај пчелите, на територијата на комплексот има и стадо зебри, „пони“ коњчиња, птици и водоземци. Матичната компанија Volkswagen исто така е вклучена во производството на прехранбени производи. Со својата заштитна марка, се нудат колбаси од ситно сецканo свинско месо, како и кечап.

    Поврзани вести

    Back to top button