Porsche создава платформа за електричен Lamborghini

Во моментов, гигантската група Volkswagen има две платформи за електрични модели - MEB и PPE

Првата – Modular Electrification Toolkit, е наменета за масовни електрични возила на концернот, а втората – Premium Platform Electric, е за спортски и луксузни модели и е заеднички развој на Porsche и Audi.

Porsche

Сега на хоризонтот се појавува трета платформа, која ќе е дело на Porsche – SPE, и ќе е резервирана само за супер моделите на струја на VW Group. Меѓутоа, ова не е J1 платформата на која се развива Porsche за сериската мисија Е, која ќе се појави во 2020 година, но многу поголем проект.

Портпаролот на Porsche го потврди проектот SPE, но додаде дека оваа платформа наскоро нема да се појави кај сериски модели, затоа е рано и да се зборува за неа. Според различни извори во VW Group, првите електрични модели, изградени на SPE, може да се очекуваат најрано кон средината на следната деценија.

Исто така, веќе протекоа информации дека првиот модел кој ќе користи SPE, речиси сигурно ќе е електричната верзија на Lamborghini Urus, кому сепак ќе му претходи хибридната верзија на SUV моделот.

Покрај тоа, SPE, исто така, ќе се користи во иднина врвните електрични модели на Audi – како што се лимузините, SUV и спортските изданија. А, фановите на Porsche веќе чекаат со нетрпение потврдувањето на друга гласина, поврзана со SPE – дали ќе се појави електрична еволуција на хибридниот суперавтомобил 918?

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close