fbpx

Porsche се пофали со можностите на новиот 911 Turbo S

Новиот Porsche 911 Turbo S со своите технологии припаѓа во самиот врв на современите спортски автомобили, а германската компанија преку видео се пофали со неговите можности

Porsche кон почетокот на месецот го претстави новиот 911 Turbo S, а кога некоја компанија ќе произведе автомобил како овој, тогаш очекувана е желбата да се пофалат со своите технолошки достигнувања.

Така, производителот од Штутгарт сними ефектно видео со цел на вљубениците во 911 Turbo S да им го покаже сето она што е ново на овој модел во однос на претходникот, особено нагласувајќи ги активните аеродинамички системи кои на овој автомобил му обезбедуваат врвни перформанси во спортското возење.

Инаку, новата генерација на Porschе 911 Turbo S е најмоќната и најбрза досега. Автомобилот се напојува со нов шестцилиндричен 3,8-литарски twin-turbo boxer мотор, кој доаѓа во комбинација со автоматизиран осумстепен менувач со двојна спојка. Максималната моќност на моторот изнесува 650 КС, односно 70 КС повеќе во однос на претходникот, додека максималниот вртежен момент изнесува 800 Nm.

Новиот Porsche 911 Turbo S пристигнува со напредна технологија

Ова е доволно за новиот Porsche 911 Turbo S да забрза од нула до „стотка“ за само 2,7 секунди, а до 200 километри на час достигнува за нешто повеќе од 9 секунди. Максималната брзина на овој автомобил изнесува 300 километри на час. Силата се пренесува на сите четири тркала, а стандардни елементи од опремата се и активниот систем на потпирање и управувањето на сите четири тркала.

Porsche 911 Turbo S

За да се унапреди безбедноста, Porsche вгради нов Wet режим кој детектира вода на патиштата и автоматски ги менува подесувањата за контрола на стабилноста и anti-lock кочниците. Тука е и Porsche InnoDrive системот, кој го информира возачот за надоаѓачките кривини на патот, а не треба да се заборави ниту адаптивниот „круз контрол“ и системот за одржување на сообраќајната лента. Во внатрешноста, Porsche на 911 Turbo S му даде нешто поинаков изглед од стандардниот 911 Carrera. Кабината е обложена во кожа, а исто така се забележуваат и детали во карбон. Цената на автомобилот изнесува 203.500 долари за купе моделот, додека кабрио верзијата чини 216.300 долари.

Поврзани вести

Back to top button