Porsche покажа систем за експресно полнење
Системот за експресно полнење наречен Porsche Turbo Charging 800 волти поставен на најважниот експонат, прототипот Cayman e-volution
Пред три дена во Штутгарт започна Меѓународна конференција за електромобили- EVS30.Еден од најважните експонати таму е прототипот Cayman e-volution со систем за експресно полнење Porsche Turbo Charging 800 волти. Проектот е реализиран во соработка со поделбата Porsche Engineering и компанијата ADS-TEC од Нортинген, која претставува и друга своја новина – улична полнач станица HPC (High Power Charging). Станицата HPC е наменета за области каде што има ограничено максимално оптоварување на мрежата. Бидејќи полнењето бара голема моќност, постои можност за момало оптоварување (PowerBooster технологија).
HPC (High Power Charging)
Оваа новина ќе излезе на пазарот во текот на следната година. Но прв сериски модел на штутгарската компанија која ќе ја користи е Mission E. Овој модел ќе биде лансиран во текот на 2019 година.
Подобрување во брзината на полнење до 80% за 15 минути Porsche најави од порано. Сега доаѓаат некои детали, како новата моќ на полнење од 320 kWh. Автономијата на серискиот Mission E треба да е во рамките на 500 km, а акумулаторот ќе е со капацитет од 100 kWh. Сегашните брзи полначи се со моќност од околу 50 kWh. Па овој акумулатор би се полнел за околу два-три часа и тоа под услов брзина на полнење да е постојана.
Porsche Turbo Charging 800
Друга интересна изложба од Штутгарт е Continental AllCharge Technology. Таа ја прилагодува електрониката на било кој тип на електричен автомобил. За трансформација на полнењето се користат стандардните компоненти на електричниот систем и инверторот. Со системот AllCharge електромобилот ќе може да се полни од мрежата со напон до 800 V и моќност до 350 kW. AllCharge исто така вклучува технологија V2D (возило-до-уред). Таа им овозможува на електричните апарати, компјутерите или преносливите фрижидери да бидат напојувани од батеријата на автомобилот.