Последните тестови за предсерискиот Audi Q8
Новиот најголем SUV модел на Audi Q8, е се поблиску до сериско производство, а тоа го потврдија и фотографите направени, како што неофицијално потврдија од компанијата во Инголштад, од последните тестови на предсериските прототипи
![Audi Q8](https://avtoplus.mk/wp-content/uploads/2018/01/A-n-1-780x405.jpg)
Серискиот Q8 ќе личи многу на концептот со истото име, кој Audi го покажа на салонот во Детроит минатата година, а тоа важи и за пропорциите и димензиите на возилото, кој е изграден врз платформата MLB- Evo, која се користи и за Q7. Директни ривали на Audi Q8 ќе се Mercedes GLE Coupe и BMW X6, а новиот модел ќе ја преземе улогата на предводник на растечката SUV гама на Audi.
Интересно кај дизајнот на Q8 е дека креаторите се обиделе да го приближат со оригиналниот Ur- quattro од 80- тите години, а тоа најлесно се гледа кај изгледот на задната форма и „веѓите“ над крилата. Речиси е сигурно дека сериската верзија на Q8 ќе ја преземе целата гама на моторот од Q7 плус дизел V8 единицата што се користи во SQ7.
Audi Q8
И ако се појави RS Q8, веројатно е дека оваа верзија ќе биде напојувана од бензинскиот био- турбо мотор на Lamborghini Urus V8. Сеуште не се знае кога точно ќе биде премиерата на Q8, а пред него Audi ќе го претстави новиот А6, па ќе треба да почекаме уште малку за новиот голем SUV на германската марка.