fbpx

Последно навестување на Volvo за новиот S60

Volvo го покажа најновиот тизер пред да ја претстави новата генерација на S60 седан

Премиерата на моделот е во среда, на 20 јуни, како дел од отворањето на новата фабрика на Volvo во Чарлстон, во Јужна Каролина (САД). Малку порано Volvo покажа како ќе изгледа и најмоќната верзија на S60, која добива ознаката Polestar Engineered и ќе се нуди само во хибридна верзија.

Хибридниот S60 ќе има моќ од 407 коњски сили, што по интервенцијата на Polestar ќе се зголеми на 421 КС.

Освен тоа Polestar Engineered ќе добие и поголеми сопирачки, прилагодливи амортизери и уште елементи за обезбедување на спортското однесување на патот. Volvo веќе го претстави и другиот претставник на семејството модели 60 – V60, каде се разбира најважната работа е багажниот простор.

Волуменот на неговиот багажник е 529 литри, а кога задните седишта се преклопени, достигнува до 1364 литри. V60 се нуди во хибридни варијанти со моќност од 340 и 390 коњски сили, како и во две дизел и две бензински варијанти, а моќноста им е 135, 165, 225 и 275 коњски сили.

It’s all in the details. Meet the Polestar Engineered #newS60 on 20.06.18.

Publiée par Volvo Cars sur Jeudi 14 juin 2018

 

Поврзани вести

Back to top button