fbpx

Постамент на Peugeot висок 4,8 метри во Женева

За време на овогодинешното меѓународен саем во Женева, Peugeot ќе претстави уникатна скулптура создадена од дизајнерите на Design Lab, која ќе ја извршува улогата на „амбасадор“ на легендарната француска марка и нејзината повеќе од 200-годишна историја

Од Peugeot коментираат дека скулптурата на Лав, со должина од 12,5 метри и висина од 4,8 метри, ја симболизира гордоста, моќта и основаноста на брендот, како и издигнувањето на компанијата до стандарди во однос на квалитетот без компромис.

-Дизајнерите оформија симбол и неминлива креација со овој монументален Лав, со прекрасно извајани површини, коментира Жил Видал, шеф на дизајнот на Peugeot. -Неговите импресивни димензии нагласуваат моќен и нескротлив карактер на лавот. Неговото држење, исправен и „чекорејќи“ се решително напред, но без агресија, пренесува смиреност и доверба на компанијата за иднината.

Peugeot

 

Поврзани вести

Back to top button