Поставата на AMG се намалува и ќе се разликува од Mercedes

Понудата на AMG одделот во последните две децении се зголеми драстично, па перформансниот беџ сега може да се најде на се и сешто

Во изминатите 20-тина години портфолиото на AMG доживеа драстично зголемување на производите. Така, беџот на перформансното одделение на Mercedes го носат од хот хеч модели, па се до GT Black Series двосед. Но, Mercedes-AMG планира да го скрати својот опсег на модели, конкретно со намалување на напорите кои ги вложува во подостапните претставници на поставата и ќе се фокусира кон поскапите примероци.

Новиот шеф на компанијата, Филип Шајмер, во разговор со Autocar откри дека AMG гамата ќе се намали, одржувајќи своевиден чекор со она што го прави целата индустрија поради електрификацискиот тренд.

Настрана AMG-Line нивоата на опременост, кои без дилеми ќе опстанат во живот, на европскиот пазар во моментов можат да се купат AMG возила како што е A35 хот хечот кој чини околу 47.000 евра, па се до GT Black Series чија цена варира околу 400.000 евра. Се чини дека тоа ќе се промени, бидејќи „скалилото“ на AMG ќе биде поставено повисоко со оглед на тоа дека компанијата ќе им даде приоритет на поскапите автомобили кои иако се продаваат во помала количина, сепак нудат поголем профит.

AMG

Овие вести дефинитивно се поврзани со предлозите на Шајмер дека идните AMG модели би можеле да станат поразлични од обичните Mercedes автомобили благодарение на уникатната платформа за електрични автомобили која компанијата во моментов ја развива.

Тежината на батериите значи дека првите ЕВ на АMG ќе бидат потешки во однос на оние со мотор на внатрешно согорување. Но, Шејмер открива дека паметниот софтвер на шасиите ќе ја „камуфлираат“ дополнителната тежина, како и тоа дека унапредувањата во времето за полнење и инфраструктурата ќе им помогнат на клиентите да ја прифатат идејата за AMG модели со помали батерии, кои ќе и овозможат на компанијата да ја намалат тежината на возилата.

Поврзани вести

Back to top button