fbpx

Повеќе од 10.000 барања за електричниот автомобил на Volkswagen во рок од 24 часа

Volkswagen објави дека интересот за целосно електричниот модел ID.3 на брендот ги надмина првичните очекувања на компанијата

Од Volkswagen коментираат дека корисничкиот интерес кон моделот ID.3 1ST е голем. Со првите нарачки предвидувањето на брендот е сериозно надминат зошто само за првите 24 часа по отворањето на приемот на барања за купување на електричниот автомобил се пријавиле повеќе од 10.000 нарачки од европски потрошувачи.

Претставниците на пилот серијата ID.3 1ST ќе понудат богата опрема и автономна километража до 420 километри, а сето то доаѓа со цена од 40.000 евра. Стандардната верзија на моделот ќе чини под 30.000 евра во Германија.

Volkswagen

Идните сопственици на ID.3 1ST кој ќе биде пуштен во производство пред крајот на 2019 година и ќе почне со испорака во средината на следната година, ќе можат да се потпрат исто така на едногодишно бесплатно полнење на сите станици вклучени во мобилната апликација WeCharge.

Поврзани вести

Back to top button