fbpx

Многу предлози за нови воздушни перничиња

Конструкторите на автомобили измислива веќе доста различни по вид воздушни перничиња, но се развиваат нови и нови, во потрага по максимална заштита на патниците во возилото

Неодамна се појавија нови интересни решенија.

Меѓу нив е заштитното воздушно перниче дело на компанијата ZF од Фридрихсхафен. Станува збор за централно превентивно воздушно перниче, кое при страничен удар се отвора меѓу патниците и ги штити од удари меѓу нив или со распоредените до нив седишта. Друг иновативен производ развива Hyundai Mobis.

Оваа перница ќе ги штити главите на патниците од сериозни повреди во случај на кршење на стаклениот панорамски покрив и во исто време нема да дозволи некој од патниците да одлета надвор во отворот на покривот. Засега од Hyundai, независно од успешните тестови, не даваат прогнози за почетокот на сериско имплементирање на ова иновација, додека централната перница меѓу патниците уште оваа есен ќе се монтира во топ-моделот A8 на Audi. Засега таа ќе ги штити седнатите позади патници, а за возачот и совозачот сличен уред е сеуште во проектна фаза.

воздушни перничиња

Развивањето на перничињата не е нешто со кое се размислува само на патниците на автомобилите. Се спроведува интензивна пешачка и велосипедска заштита. Засега единствен ваков имплементиран развој е во предниот капак на на последното Volvo V40 и е наменет за заштита на пешаците при судир во возилото.

воздушни перничиња

Сериозен проблем ќе има за безбедносните воздушни перничиња во возилата со автономна контрола. Сегашните, според експертите, не се прилагодени за роботско управување, бидејки се дизајнирани за поголема слобода, а не за само статички седечка положба. Идеално е кај автономните автомобили да нема нема воопшто судири меѓу автомобилите и надворешни фактори – пешаци, велосипедисти и други подвижни и неподвижни пречки. Но, додека не биде целосно загарантирана безбедноста, ќе бидат потребни воздушни перничиња.

воздушни перничиња

Поврзани вести

Back to top button