Премиера на долгоочекуваната Škoda Scala
Денес Škoda конечно стави крај на тизер деновите и ни го претстави својот нов и долгоочекуван хечбек модел
Чешкиот производител беше навистина нестрплив за да се пофали со својот нов модел од Ц-сегментот, па така наместо да чека до саемот во Женева, тој денес во Тел Авив, Израел ни ја претстави новата Scala. Овој модел не само што е индиректна замена на моделот Rapid Spaceback, туку претствува и директен конкурент во класата на VW Golf и Ford Focus.
Новата Scala се базира на MQB платформата на Volkswagen, наречена A0, со што дел од механичките карактеристики се речиси исти како на Seat Ibiza и Volkswagen Polo, но во поголеми димензии.
Кога сме веќе кај димензиите, може слободно да се каже дека овој хечбек е речиси исто толку голем колку и Golf. Долг е 4.362 mm, широк 1.793 mm и висок 1.471 mm, со што го прави малку пократкот и потесен од споредбениот модел.
Меѓуоскиното растојание и е нешто поголемо со 2.649 mm, па така внатрешната пространост на Scala е речиси еднаква со таа на Octavia. Исто така багажниот простор на овој модел е еден од најголемите во сегментот, со капацитет од 467 литири и 1.410 литри со преклопување на задните седишта.
Scala
Пософистициран и надвор, а особено внатре, оваа нова стилска насока Škoda сигурно ќе ја задржи и кај идните модели.
Надворешноста е со нов и модерен дизајн. Во предниот дел Scala носи нова и еволуирана решетка, додека пак аголните LED фарови заедно со браникот се дизајнирани да ги реплицираат острите рабови на боемскиот кристал. Страничниот профил се карактеризира со покривната линија која се намалува кон задниот дел и завршува на петтата врата.
Електричната петта врата ќе биде понудена како опција, а стандардните карактеристики на Škoda Simply Clever како гребалката за мраз во капачето од резервоарот и чадор во возачката врата, најверојатно ќе бидат стандарни во повеќето изведби на овој модел.
Внатрешноста носи свеж пристап благодарение на елеганцијата на инструмент таблата, каде доминира самостоен екран на допир достапен во големини од 6,5 до 9,2 инчи.
Scala
Кабината носи нов концепт со меки материјали и метални завршетоци во централната конзола. Амбиенталното осветлување доаѓа во опции на бело и црвено, кои се вклопуваат одлично со контрастниот штоф на седиштата и микрофибер обложувањето, кое е секако опционално. Достапни ќе се греачите поставени во предните седишта, задната клупа, ветробранското стакло, како и во управувачот.
Кај овој модел интересно е тоа што инфозабавниот систем и сателитските мапи можат да се ажурираат преку интернет со помош на Škoda Connect мобилната услуга, која овозможува Scala да е секогаш онлајн благодарение на LTE конекцијата. Со Škoda Connect исто така им се овозможува на сопствениците да го заклучуваат и отклучуваат своето возило преку паметните телефони.
Новата Scala ќе биде понудена исто така и со опција за 10,25 инчен целосно дигитален инструмент панел кој работи со третата генерација на MIB модуларниот инфозабавен систем. Поврзување со Android Auto и Apple CarPlay ќе биде овозможено со SmartLink+.
Scala
Од безбедносните системи, Scala е опремена со девет воздушни перничиња, соборени LED светла, систем за одржување на возилото во лента, систем за запирање во итни случаеви, задна камера, систем за асистенција при паркирање, систем за предупредување при појава на возило во задниот дел и адаптивен темпомат.
Погонските агрегати со кои е достапна новата Scala се состојат од вкупно пет единици, од кои три бензински, еден дизел и еден CNG. Од бензинската палета достапни се 1,0 литарскиот три цилиндарски TSI мотор со две различни излезни моќности, и тоа со 94 и 113 коњски сили. Третата опција е помоќниот 1,5 литарски четири цилиндарски TSI мотор, кој испорачува моќност од 148 коњски сили и доаѓа со систем за деактивација на цилиндрите со цел да се зголеми ефикасноста. Дизел изведбата е погонувана со 1,6 литарскиот TDI мотор кој испорачува 114 коњски сили и вртежен момент од 250 Nm. Петтата опција претставува 1,0 литарска G-Tec единица која работи на природен гас- CNG и испорачува моќност од 89 коњски сили.
Scala
Што се однесува до трансмисијата, основниот бензински мотор е придружен со пет-степениот рачен менувач, додека пак кај сите останати има можност за избор помеѓу шест степен рачен и седум степен автоматски менувач со двојна спојка.
Опцијата за Sport Chassis Control ќе биде понудена кај Scala, а со неа се овозможува намалување на висината на возилото за 15 mm со додавање на приспособливи амортизери. Тука секако е и способноста за менување на крутоста на управувачот како и одзивот на моторот.
Новата Škoda Scala се очекува да пристигне на европскиот пазар во првата половина на 2019 година.