НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Претставен најдолгиот електричен автобус

Кинескиот автомобилски проиводител BYD го претстави K12A, 27-метарскиот автобус кој воедно претставува и најголгиот електричен автобус во светот

Компанијата вчера го претстави својот нов модел K12A во Шенжен, Кина. Новиот K12A претставува целосно електричен автобус, кој со својата должина од 27 метри, претставува најголгиот електричен автобус во светот.

Електричниот K12A има патнички капацитет од 250 патници и може да достигне максимална брзина од 70 километри на час. Батерискиот пакет му овозможува на овој автобус да помине до 300 километри со само едно полнење.

Производителот тврди дека новото возило претставува првиот електричен автобус во светот со 4WD систем, кој може да ги менува своите карактеристиките помеѓу 2WD и 4WD, со цел да ги задоволи барањата во однос на различни терени, истовремено намалувајќи ја и вкупната електрична потрошувачка на возилото.

најголгиот електричен автобус

Лансирањето на овој електричен автобус беше објавено на официјалната фејзбук страна на BYD, кое предизвика низа реакции за претставувањето на еден ваков автобус токму на денот на шегата. Компанијата исто така изјави дека K12A е развиен за колумбискиот TransMilenio брзиот транзитен систем, заедно со останатите светски BRT системи.

Во 2017 година, 12 поголеми градови низ светот ветија дека ќе купуваат само чисто електрични автобуси до 2025 година, вклучувајќи го и Лос Анџелес, кој уште истата година нарача 60 автобуси, погонувани од сопствена електрична енергија. Сепак, се проценува дека 99 проценти од сите електрични автобуси во светот се наоѓаат во Кина.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close