fbpx

Претставена новата Mercedes-Maybach S Класа

Mercedes има нов крал на луксузот во својот опсег во ликот и делото на Maybach S Класа, ултра луксузен пристап на веќе луксузната S класа

Новата Mercedes-Maybach S Класа се карактеризира со 3.396 милиметри долго меѓуосовинско растојание, нудејќи уште поголем простор за патниците во задниот дел во однос на својот претходник. Исто така, пристигнува со систем за „активна компензација на бучава“ кој испраќа „против-етапни“ аудио сигнали за да се анулира бучавата од возењето.

Зависно од пазарот, купувачите ќе можат да бираат меѓу Mercedes-Maybach S580 4Matic, кој се напојува со битурбо 4,0-литарски V8 мотор кој испорачува 496 КС и има 48 волтен благ хибриден систем кој придонесува со дополнителни 21 КС, како и S650 кој се напојува со битурбо 6,0-литарскиот V12 мотор со 621 КС, кој може да се комбинира со погон на сите четири тркала.

На одредени пазари ќе пристигне и plug-in хибридната верзија на новата Mercedes-Maybach S Класа, кој комбинира 3,0-литарски шестцилиндричен бензински мотор во комбинација со електромотор за комбинирани 503 КС.

Секоја нова Maybach S Класа ќе пристигне со две Executive седишта кои имаат нова масажерска функција за листовите од нозете, како и Chauffeur пакетот како стандарден. Патниците во задниот дел ќе можат да ја прилагодуваат површината на седиштата, потпирачот за грб и потпирачите за нозе со цел да креираат постојана и удобна потпирачка површина за спиење.

Mercedes-Maybach S

Опционалниот двобоен финиш со разделувачката линија се аплицирани рачно, а за целиот процес е потребно и до една недела. И, за прв пат во Maybach Mercedes, задните врати можат да бидат електронски управувани со допир на копче.

Друг интересен детал е додатокот на продолжувачи за појасите, карактеристики обично резервирани за купе и кабрио моделите. Сепак, продолжувачите за појасите во новата Maybach S Класа реагираат веднаш откако MBUX Interior Assist системот препознае движење со раката како обид да се достигне појасот.

Mercedes-Maybach S

Високо ниво на луксуз и комфор

MBUX Interior Assist исто така овозможува и контрола со гестови за задните патници, овозможувајќи им да ја отворат и затворат заштитата за сонце и да се вклучат светлата за читање. Дури може да детектира и кога задниот патник посегнува во одреден дел од ентериерот во темница, со што автоматски вклучува multispot светла за да им овозможи подобра прегледност.

Mercedes-Maybach S

Новата германска лимузина е поставена на специјално развиен воздушен систем на потпирање со свој Maybach режим, со цел патувањето да се направи уште помазно и поудобно во однос на „обичната“ S Класа. Кога е вклучен, Maybach режимот ја наштимува педалата за гас за понежно забрзување, стартува во втора брзина и го префрла деветстепениот автоматик во уште помазно функционирање. Активното задно управување исто така е достапно со што новата Maybach S Класа е уште попрецизна и полесна за маневрирање, овозможувајќи вртење на задните тркала до 10 степени.

Новата Mercedes-Maybach S Класа исто така содржи и Level 3 систем за асистенција на возачот, што му овозможува на возачот да ги тргне своите раце од управувачот во ситуации каде има метеж во сообраќајот или на одредени автопатишта каде што системот ќе стане легален од втората половина на 2021 година.

Mercedes-Maybach S

Mercedes ги избра Кина, Јужна Кореа, Русија, САД и Германија како главни пазари за новата Maybach S Класа, со тоа што процентот на раст во Кина се мери во двоцифрени бројки. Новиот модел има за цел да го продолжи успехот на брендот, а продажбата ќе започне пред крајот на годината.

Поврзани вести

Back to top button