fbpx

ПРЕТСТАВЕНА ОФИЦИЈАЛНО ЧЕТВРТАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА KIA RIO

Во присуство на новинарите, Киа Моторс Македонија го претстави новото четврто поколение на корејскиот бестселер Rio, кој стартува со цена од 11.890 евра за моделот 1.2 и Еxperience ниво на опрема

Во присуство на новинарите, Киа Моторс Македонија го претстави новото четврто поколение на корејскиот бестселер Rio, кој стартува со цена од 11.890 евра за моделот 1.2 и Еxperience ниво на опрема. Со повеќе од 473.000 единици продадени во светот минатата година, Rio е еден од најважните модели за Kia, бидејќи на него паѓа околу 16 % од вкупната продажба.

Моделот од Б-сегментот, кој стигна до четврта генерација, донесува некои значајни промени, не само во смисла на дизајн, туку и во техничка и технолошка смисла, а како во светот, така и кај нас се очекува да им се допадне на купувачите. Киа Моторс Македонија, како беше предочено на претставувањето, типува на новината.

Rio

– Стајлингот е дело на дизајн центрите на Kia во Германија и во Калифорнија, а финалното „да“ доаѓа од Јужна Кореја. Многумина моделот го прогласија за еден од најспецифичните на Парискиот салон, каде имаше свое деби, но со продажбата стартуваше оваа пролет, а еве за кратко време е и во понудата на Киа Моторс Македонија, истакна Владимир Билбилов, директор на македонскиот импортер.

– Особено импресивна е реконструираната решетка во новата предна маска. Страничните всмукувачи за воздух се дизајнирани на поинаков начин, слично на фаровите. Возилото со четири врати изгледа подолго и поимпресивно отколку порано, односно новото Rio е со поголема должина 4.065 mm (+15 mm), ширина од 1.725 mm (+5 mm) и меѓуоскино растојание од 2.580 mm (+10 mm). Само висината е редуцирана на 1.450 mm, (- 5 mm).

Rio

Kia ги интегрира страничните ретровизори во новиот Rio во предниот триаголник на страничниот прозорец. Дизајнерите конфигурирале нова инструмент-табла во ентериерот, а новите материјали во ентериерот обезбедуваат место во повисока класа. Екранот на допир сега има многу нови функции, на тој начин се намалува бројот на копчиња во возачката кабина.

Ние во понудата ќе ги имаме новиот трицилиндерски турбо мотор со 100 КС, како и добро познатите два бензински мотори, 1.2 со моќност 84 КС и 1.4 со 100 КС. Во дизел понудата ќе е 1.4-литарски турбо дизел со 90 КС. Трансмисиите се преку маниелни менувачи со пет и шест брзини и автоматски со 4 степени, потенцира Билбилов.

Цените на возилото во зависност од опремата и моторот ќе се движат, како напомена Билбилов, од 11.000 до 15.000 евра.

Rio

Поврзани вести

Back to top button