fbpx

Принцот, кој ја бара слободата управувајќи мотоцикл!

Членовите на кралското семејство мора да се усогласат со многу ограничувања поради посебната важност за националната гордост на Велика Британија

Има еден принц, сепак, кој и покрај ограничувањата, не може да одолее на адреналинот во крвта и не се плаши да ја „пронајде слободата“ со својот Triumph.

Главниот лик во приказната е всушност идниот крал на Велика Британија, неговата Екселенција војводата од Кембриџ, принцот Вилијам. Тој е фан на мотоциклите и има две Triumph изведби во гаража, со кои сака, кога ќе пронајде слободно време од наметнатата презафатена програма, да излегува на прошетки во природата.

принцотСега британскиот производител создаде специјално за принцот уникатен резервоар со рачно нацртани на него британско знаме во црвена, бела и сина и му го доделија лично на отворањето на новиот објект, кој има специјална комора за бојадисување на мотоцикли, во рамките на фабриката на компанијата во Хинкли, изградена пред неколку месеци за 6 милиони фунти.

Големата чест да му го предаде специјалниот подарок на принцот доби Тони, кој го предводи одделот во фабриката на Triumph. „Да се создаде дизајн и да се изработи овој резервоар лично за принцот Вилијам, е огромна привилегија како за мене лично, така и за сите вработени во фабриката на Triumph во Хинкли. Таквите работи не се случуваат секој работен ден. Всушност може и никогаш да не ти се случат”.

Откако го доби подарокот, принцот Вилијам облече јакна на Triumph и направи тест на новиот Tiger 1200, највозбудливиот мотоцикл за авантури во палетата на брендот. По прошетката престолонаследникот на Велика Британија изјави: “Многу добро искуство, но не толку долго колку што сакав”. А, потоа го разгледа склопувањето и поразговара со луѓето кои ги создаваат со свои раце легендарните мотоцикли Triumph.

Поврзани вести

Back to top button