fbpx

ПРИСТИГНА ЧЕТВРТАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА KIA RIO

Во понудата, односно ценовникот на Киа Моторс Македонија, веќе се моделите од новото поколение на корејскиот бестселер Kia Rio

Во понудата, односно ценовникот на Киа моторс Македонија, веќе се моделите од новото поколение на корејскиот бестселер Kia Rio. Стајлингот е дело на дизајн центрите на Kia во Германија и во Калифорнија, а финалното „да“ доаѓа од Јужна Кореја. Со повеќе од 473.000 единици продадени во светот минатата година, Rio е еден од најважните модели за Kia, бидејќи на него паѓа околу 16 % од вкупната продажба.

Моделот од Б-сегментот, кој стигна до четврта генерација и донесува некои значајни промени, не само во смисла на дизајн, туку и хардверски и по првите пет месеци од 2017 е меѓу најпродаваните на корејската компанија со сега зголемен удел од 23%. Многумина моделот го прогласија за еден од најспецифичните на Парискиот салон, каде имаше свое деби, но со продажбата стартуваше оваа пролет.

KIA RIO

Особено импресивна е реконструираната решетка во новата предна маска.

Страничните всмукувачи завоздух се дизајнирани на поинаков начин, слично на фаровите. Возилото со четири врати изгледа подолго и поимпресивно отколку порано, односно новото Rio е со поголема должина 4.065 mm (+15 mm), ширина од 1.725 mm (+5 mm) и меѓуоскино растојание од 2.580 mm (+10 mm).

Само висината е редуцирана -1.450 mm, (- 5 mm). Kia ги интегрира страничните ретровизори во новиот Rio во предниот триаголник на страничниот прозорец. Дизајнерите конфигурирале нова инструмент-табла во ентериерот. Новите материјали во ентериерот обезбедуваат место во повисока класа. Екранот на допир сега има многу нови функции, на тој начин се намалува бројот на копчиња во возачката кабина.

Под хаубата се нов трицилиндерски турбо бензински мотор со 100 и 120 КС, а како алтернатива на рачниот менувач доаѓа седумстепена трансмисија со две спојки. Темата мотори ја надополнуваат еден 1,4-литарски турбо дизел со 70 или 90 КС. Освен тоа Kia Rio има уште два бензински мотори, 1.2 со моќност 84 КС и најмоќниот 1.4 со 100 КС.

KIA RIO

Поврзани вести

Back to top button