fbpx

Ексклузивно! Пристигна KIA Stinger

Потазе амин?! Киа Моторс Македонија го донесе најмоќниот и најлуксузниот автомобил во историјата на корејскиот бренд, KIA Stinger

Спортскиот седан KIA Stinger, каде што високата ефикасност и динамична перфекција се во согласност со импресивниот дизајн го „уловивме“ додека го „распакуваа“ во царинскиот склад на македонскиот импортер. Ова е модел со автентична величина, за возбудливи патувања на долги релации. Елегантен, складен, во стил на најдобрите европски премиум изведби, креацијата плени со својот изглед. Каросеријата го обезбедува потребниот простор за максимално задоволство при возењето, а во исто време ги воодушевува патниците со неспоредлив луксуз и комфор.

kia stinger skopje
Под капакот на двете изданија, едно во стандардбна изведба, а другото во GT Line e дизелскиот 2.2 четирицилиндерски агрегат, кој се вградува и во KIA Sorento со 200 КС. Моторот е во спрега со 8-степен автоматски менувач и 4×4 погон. Наскоро пристигнува и Stinger со бензинскиот 2.0 турбо агрегат со 255 КС и се разбира доколку има желба од клиентите и битурбо V6 од 3.3 литри со моќ од 365 коњски сили.
Цените не ги дознавме, ќе бидат обелоденети наскоро на официјалната презентација на ова навистина прекрасно автомобилско остварување со кое Kia зачекорува во некој друг свет.

Поврзани вести

Back to top button