fbpx

Продажбата на Lamborghini Urus ги надмина сите очекувања

Lamborghini Urus е првиот SUV модел кој доаѓа од италијанскиот производител на суперколи и за кратко време стана мошне популарен

Според директорот на Lamborghini, Стефано Доменикали, побарувачката за луксузниот кросовер ги надминува сите очекувања.

-По реакциите во предпродажниот процес очекувавме позитивен фидбек од клиентите на стартот на неговото пазарно претставување, но не и на ниво што го имаме во моментов. Реакцијата на клиентите е навистина фантастична. Околу 70% од купувачите се нови за компанијата, а просечната потрошувачка само за дополнителни додатоци надминува за околу 4.000 долари по возило, па просечната цена на продадена изведба е 200 илјади долари. Изненадувачки голем интерес пројавија дамите, задоволно потенцираше Доменикали во интервју за TV CNBC.

Lamborghini

Иако, традиционалните сопственици и фанови на Lamborghini, беа загрижени дека кросоверот ќе наштети на имиџот на марката, Доменикали верува дека оваа изведба со V8 битурбо мотор е од клучно значење за иднината на италијанскиот производител. Веќе беше навестено дека Lamborghini има намера да произведува околу 5.000 автомобили оваа година, а во 2019 планира да ја зголеми бројката на околу 8.000 примероци.

Поврзани вести

Back to top button