Промоција за електричното баги Nikola NZT

Американската Nikola Motor Company, именувана во чест на физичарот Никола Тесла, откри нови детали за 4x4 електричниот Nikola Zero и ги промовира преку видео

Производителот го редизајнираше моделот, му даде ново име Nikola NZT и првите испораки се очекуваат во 2019.

Моделската гама ќе вклучува четири модификации NZT 440, NZT 352, NZT 280 и NZT 198, чиј број ја покажува моќноста на електричниот автомобил во kW. Вредноста на NZT198 започнува од 28.900 долари, многу помалку од претходно најавените 35.000 долари. Максималната верзија на Nikola NZT ќе чини 55.000 долари.

Забрзувањето на електричното баги во зависност од капацитетот од 0 до 96 km/h ќе трае од 3,5 до 5,3 секунди. Брзото полнење на батериите со полначот од 400 волти трае само 3 часа, мрежно полнење J1772 во мрежа од 220V – 7 часа, а во домашната американска мрежа 110V – 14 часа.

Nikola

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close