fbpx

„Протекоа“ фотки од новиот Jaguar F-Type

На три дена пред официјалната промоција, на интернет се појавија официјалните фотографии од новиот Jaguar F-Type во купе и кабриолет верзии

Најрадикалната промена Jaguar ја направи на предниот панел. F-Type доби потенки, поспуштени LED фарови кои се „завиени“ под хаубата.

Редизајн доживеа и предниот браник, додека одзади се истакнува светлосната група која се „превиткува“ на рабовите од автомобилот.

Се уште нема фотографии од ентериерот, но се очекува новиот производ на Jaguar  да има дигитална контролна табла, слична на онаа од XE со нови мултимедијални функции. Исто така F-Type би требало да добие и унапреден менувач и поквалитетни материјали.

Се шпекулира дека F-Type ќе се движи на погон на V8 моторот на BMW, откако двете компании претходно воспоставија соработка. Меѓутоа, многу пореално е да се очекува нов шест-цилиндарски турбо-бензинец со 395 КС.

Поврзани вести

Back to top button