fbpx

Прва фотографија и нови детали за електричниот автомобил Polestar 2

Новиот бренд Polestar на Volvo ја објави првата фотографија и нови информации за својот втор, но прв електричен модел, наречен Polestar 2.

Од Polestar велат дека производството на електричниот автомобил ќе започне набргу по plug-in хибридот Polestar 1, кој се очекува да почне со изработка подоцна оваа година.

Од Polestar исто така изјавија дека Polestar 2 ќе биде претставен официјално само по наколко недели и паралелно со тоа претставија и дел од параметрите на моделот. Polestar 2 ќе понуди автономна километража од околу 300 милји или 480 километри, а моќта на нејзиниот погонски систем ќе биде околу 400 коњски сили.

Светска премиера на Polestar 2 ќе го содржи новиот Google Android HMI оперативен систем, вклучувајќи и виртуелн асистент на интернет гигантот. Од Polestar коментираат дека цената на електричниот модел, ќе биде споредлива со онаа на Tesla Model 3, но автомобилот ќе се нуди исто така и на повеќе начини за плаќање.

Поврзани вести

Back to top button