ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Првата затворена зимска тест стаза се отвара во Финска

Во Финска се отвара првата затворената тест стаза која им овозможува на производителите да ги тестраат своите модели во екстремни зимски услови

Новиот фински затворен испитен објект располага со тест стаза долга повеќе од 1,5 километри, која во текот на целата година нуди одлични услови за испитување на возила при екстремни зимски услови. Овозможени се повторливи испитувања на снег, мраз, влажен и сув асфалт, во високо контролирани услови, со брзини поголеми од 100 километри на час.

Испитувачкиот центар е управуван од страна на англиската тест комапнија Millbrook, која претставува една од најголемите европски компании од овој тип. Главната цел на отварањето на еден ваков објект е намалување на развојниот циклус, со цел да се лансираат прозиводите на пазарот за пократко време, како и да се помогне во процесот на „бркање“ на поволни временски услови.

тест стаза

Објектот исто така располага и со независна контрола на температурата на површината и воздухот, додека пак возилата пред тестирањето може да бидат изложени на температури од – 40 Целзиусови степени, во специјално дизајнирани комори. Патеката има области за испитување при влажно и суво сопирање, како и подолжни области за хидропланинг.

Сите тестови се изведени од страна на сопствениот тим на возачи на овој центар, каде со подложување на возилата низ нивните чекори на тестирање во екстремни услови, се испитуваат и оценуваат системите за електрика, сопирање, возна контрола, погон, пневматици и друго.

Тест патеките се во согласност со UN/ECE регулативите, кои поставуваат хармонизирани правила за сите возила дизајнирани низ Европа и останатите земји.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close