Првиот електричен автомобил на Jaguar е подготвен
Jaguar објави дека една година по премиерата на концептната верзија на моделот I- PACE, првиот во историјата на легендарната марка целосно електричен автомобил, е подготвен за воведување во производство
Последните тестови во реални услови на пат со производствен прототип на I- PACE се одржаа паралелно со лансирањето на сериската изведба на меѓународниот салон во Лос Анџелес. Тоа беше последниот чекор од подготовките, пред официјалниот старт на производство на почетокот на следната година.
Од Jaguar коментираат дека ова беше последната фаза од тест програма на I- PACE, во која биле вклучени повеќе од 200 производствени прототипи на електричниот автомобил, со кои биле поминати 1,5 милиони километри, а реализирани се над 11.000 часа специјализирани тестови на основните компоненти.
Jaguar I- PACE
Од Jaguar додаваат исто така, дека до моментов има повеќе илјади заинтересирани потрошувачи кои изразиле желба за купување на електричниот модел преку сајтот на брендот, што им дава сериозна предност во однос на преостанатите, при пуштањето на првите пријави во март.