Првиот електричен модел на Lamborghini може да биде седан

Lamborghini посочи дека нивниот потенцијален четврт модел би можел да биде првиот целосно електричен автомобил

Според шефот за истражување и развој на Lamborghini, Маурицио Реџиани, италијанскиот производител на автомобили би можел да ја користи постоечка платформа од Volkswagen Групацијата за ваков модел. Платформата PPE развиена од Porsche и Audi и слична на J1 платформата на Porsche Taycan и Audi e-tron GT и е најверојатната опција.

„Ако го погледнете тајмингот, постои потенцијал дека ова ќе биде вистинското време за целосно електрично возило“, рече Реџиани. „Перформансите ќе бидат многу важни. Ние мора да бидеме брзи, но не баш на ист начин како што треба да бидеме во нашите супер-спортски автомобили. Четвртата линија на моделот ќе биде нешто поразлично “.

Lamborghini

Ако Volkswagen не му даде одобрување на Lamborghini за да продолжи со производство на електричен седан, тој би можел да се позиционира како уште побрза алтернатива на Porsche Taycan и претстојниот Audi e-tron GT. Таквото возило неизбежно ќе преземе дизајн инспирација од Urus SUV, а можеби и ќе се лансира со слична целокупна форма со незаборавниот Estoque концепт од пред една деценија.

„Прво треба да ја воспоставиме и консолидираме линијата Urus. Беа потребни 10 години за да се воспостави нашиот V10 модел, од кога Gallardo беше лансиран во 2003 година преку Huracán, па затоа треба да се осигураме дека ќе го сториме истото и со Urus“, додаде Реџиани.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close