Првиот тркачки Golf заминува на аукција

Volkswagen Golf е присутен на пазарот речиси 50 години и е еден од трите најпродавани модели на светот, а еден посебен примерок привлекува големо внимание

Дизајнот на првиот Golf е дело на италијанскиот дизајнер Џорџето Џуџаро и претставуваше целосна спротивност на исто така популарната „Буба“. Golf имаше погон на предните тркала, мотор со водено ладење поставен напред, додека „Буба“ доби заден погон и мотор со воздушно ладење. Golf стана многу повеќе од возило задолжено за превоз од еден до друг крај. Сега, најпродаваниот модел на германскиот производител, односно негова специјална верзија ќе се најде на аукција.

По доаѓањето на пазарот во 1974 година, Ролф Нотел во Белгија во 1975 година го претстави тркачкиот Gоlf од првата генерација. Овој автомобил го освои првото место на трката во Хокенхајм. Сега, тој Golf е понуден на продажба преку аукција на RM Sotheby’s. Првично за неговото напојување беше задолжен 1,6-литарски четирицилиндерски мотор кој развивал 162 КС, но истиот е заменет со 1,8-литарски мотор со Weber 45 DCOE карбуратори и бесконтактно палење, кој испорачува 175 КС. Додадени се и сет BBS алу тркала, Uniball систем на потпирање и кочнички систем за тркачки автомобили.

Автомобилот со години беше во сопственост на семејството, а Маркус Нотел го реставрираше во 2011 година и јавно го претстави во март 2012 година. Тркачкиот Golf е во совршена состојба, а аукцијата ќе се одржи во јуни.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close