fbpx

Првите испораки за Volkswagen ID.3 започнуваат во септември

Volkswagen потврди дека ID.3 електричниот хечбек официјално ќе започне со продажба на 17 јуни во повеќето европски земји, но овој датум е резервиран за нарачките на ограничената First Edition варијанта. Купувачите кои веќе поднеле нарачка за VW ID.3 First Edition ќе имаат две опции за избор на датумот на испорака за нивниот нов електричен автомобил. Првиот ќе биде на почетокот од септември, кој ќе биде комбиниран со членство во „ID.3 1st Mover Club“ на Volkswagen, додека втората опција е автомобилот да биде испорачан подоцна, во последниот квартал од годината.

Германскиот производител ќе ги отвори книгите за нарачки за општата јавност еден месец подоцна, кон средината на јули. Првата пратка на ID.3 модели кои ќе бидат испорачани на почетокот од септември нема да ја имаат App Connect функцијата и функцијата за оддалеченост на head-up екранот, со тоа што од Volkswagen ветуваат дека ќе ги активираат со унапредувањето на софтверот кон почетокот на 2021 година.

„Како знак на благодараност за нивната лојалност кон марката и гест на благодарност за нивното трпение за време на долгото чекање до почетокот на нарачките, ние им нудиме на сите оние кои сакаат да го добијат својот ID.3 First Edition во септември, членство во ID.3 1st Mover Club“, изјави Јирген Стакман, шефот на продажба на Volkswagen.

Volkswagen ID.3

Две опции за испорака

Покрај тоа, купувачите кои ќе изберат да го добијат ID.3 First Edition на почетокот од септември, не само што ќе добијат бесплатно членство во 1st Mover Club, туку исто така нема да плаќаат никакви рати од лизингот во првите три месеци. Членовите на 1st Mover Club исто така ќе добијат и директна линија до Volkswagen, не само за услуги на клиенти, туку и за споделување повратни информации од нивното секојдневно искуство со ID.3, нешто што Volkswagen ќе може да го искористи за понатамошен развој.

Volkswagen ID.3

Оние кои ќе ја изберат втората опција, што значи испорака на возилото кон крајот на годината, ќе го добијат својот Volkswagen ID.3 First Edition со сите функции и одлики активирани од почеток.

Специјалната First Edition верзија на Volkswagen ID.3 се нуди само со батерии со средна големина и капацитет од 50 kWh кои нудат автономија на движење со едно полнење од 420 километри. Напојувањето доаѓа од електромоторот поставен на задните тркала и кој испорачува 201 КС, а моделот е компатибилен со брзо полнење од 100 kW како стандард.

Volkswagen ID.3

Volkswagen на крајот ќе го понуди ID.3 со три опции за батерии. Покрај споменатата 58 kWh опција, опсегот ќе вклучува и поевтина 45 kWh батерија со автономија од 330 километри и најмоќната верзија во понудата, батерија со капацитет од 77 kWh која ќе нуди автономија од 550 километри.

Поврзани вести

Back to top button