fbpx

PSA планира да затвори 100 дилерски места на Vauxhall

Откако групата PSA ја презеде сопственоста и управувањето со Opel и Vauxhall, Французите постојано се обидуваат да ги оптимизираат трошоците на двете компании за да ги донесат до добивка

На ред е затворање на дилерски места.

Во тек е реализацијата на стратегијата која ја започна PSA на ова поле, каде следат неколку рестрикции, а се најавуваат и отпуштања и затворање на некои погони на германскиот и британскиот производител. Во моментов менаџерите на PSA се окупирани со она што се случува во Велика Британија. Една од рестрикциите која следи е затворање на дилерски места.

PSA планираВо моментов има околу 300 продажни салони на Vauxhall, кои работат на територијата на Велика Британија, продавајќи модели на Opel. Според Ројтерс, оваа бројка потенцирале од PSA може да се намали за околу една третина.

Ова во голема мера се должи на слабата продажба на брендот. Минатата година, испораките во регионот паднаа за 22,7 отсто. Сепак, одлуката не е конечна и е предмет на понатамошна дискусија.

Поврзани вести

Back to top button