fbpx

Транспортниот сектор во Европа и САД со помалку автомобили до 2030

Според студијата на PwC, автомобилскиот сектор е на работ на сериозни промени

Првичните индикации се дека до 2030 година ќе треба помалку автомобили отколку во моментот, секој трети ќе се нуди во т.н. споделен режим, а 55% ќе бидат електрифицирани.

PwC коментираше дека како резултат на иновативните концепти за споделени патувања, лично сопствените возила може да се намалат од 280 на 200 милиони во Европа и од 270 на 212 милиони во САД. Во исто време, од Кина се очекува да се зголеми бројката, од сегашните 180 на 280 милиони во 2030 година. Според PwC, насоката на развојот на секторот кон различни типови на споделени патувања ќе се комбинира со два други клучни фактори електрификација и нова конзистентност во областа на автономните системи за управување.

-Различните трендови ќе се зајакнуваат меѓусебно, рече Кристоф Штурмер од PwC. -На пример, електричните автомобили се помалку подложни на оштетување поради нивниот едноставен погон, што е голема предност во споделувањето и посериозна употреба. Автономните автомобили можат ефикасно да станат робо-такси ако се комбинираат со концептите за споделено патување.

PwC, исто така, коментираше дека и покрај очекуваното намалување на флотата и сопственоста на возилата, предвидувањата се за значително зголемување на патничкиот превоз. Очекувањата се дека зголемувањето на опсегот за потрошувачите во Европа ќе биде до 23% до 2030 година и ќе изнесува 5,88 милијарди километри. За САД, очекуваниот раст е 24%, а за Кина 183%.

PwC

Како клучен фактор во ова очекување, од PwC укажуваат на фактот дека како резултат на влегувањето во употреба на авто-возила, нивните услуги исто така ќе им користат на корисниците кои во моментов немаат право да возат возило. Нив ќе ги има во се поголем број на пазарот, главно т.н. робо-такси кои ќе патуваат од точката А до точката Б за да го одвезат својот клиент.

-Патиштата дефинитивно ќе станат покомплексни, потенцираат од PwC, но тие истакнуваат дека не очекуваат дека тоа ќе доведе до хаос, туку на подобрување во организацијата на движењето.

Поврзани вести

Back to top button