fbpx

Quattroruote со конкурс за сите ентузијасти и професионални дизајнери

Италијанскиот автомобилски магазин Quattroruote започнува со дизајнерски конкурс за идните модели на Alfa Romeo и Lancia

Нашиот партнер Quattroruote, по само неколку недели од раѓањето на Stellantis, новиот ентитет настанат со спојувањето на PSA и FCA групациите, го лансира конкурсот Qcontest наменет за дизајнерските ентузијасти и професионалци, а предизвикот е да се направи дизајн за идните модели на италијанските брендови Alfa Romeo и Lancia, кои според новата политика на новата групација ќе го сочинуваат премиум сегментот на производителот.

Оние кои сакаат да учествуваат можат да ги пријават своите дизајни до 24 февруари на официјалниот сајт на Quattroruote. Од италијанскиот медиум велат дека нема никакви ограничувања околу категоријата или техниката, а единствената препорака е дизајните да бидат во согласност со историјата и дизајнерскиот јазик на двата бренда. Секако, новите модели мораат да имаат и комерцијален „сенс“, но сепак, како што вели нашиот партнер, сонувањето не е забрането. Ентузијастите и професионалните дизајнери можат слободно да влечат инспирација од минатото на некои легендарни модели.

Конечната одлука ќе биде донесена од страна на читателите и стручното жири, со оглед на тоа дека сите проекти ќе бидат објавени на сајтот на Quattroruote, а дел од жирито ќе бидат новинарите на медиумскиот гигант и прославени дизајнери како Фабрицио Џуџаро, Мајк Робинсон и Френк Стефенсон.

Победничките проекти и дизајни ќе бидат откриени кон крајот на март на официјалниот сајт на Quattroruote и ќе бидат дел од априлскиот број на магазинот.

Поврзани вести

Back to top button