fbpx

Range Rover Sentinel е новото оклопно возило

Единицата Land Rover Special Vehicle Operations на Land Rover сподели детали за новата модификација на специјално развиената блиндирана верзија Range Rover Sentinel

Од компанијата велат дека луксузниот автомобил доаѓа со поголема моќност, подобрено држење на патот, вклучувајќи и надвор од патот, како и со зголемена заштита на патниците. Новата верзија на Range Rover Sentinel го задржа дискретниот дизајн, кој во најмала мера ја открива вистинската природа на возилото.

За погонот на блиндирана кола одговара бензинаски 5.0 литрен агрегат во V облик, и истот е со Supercharger, кој развива 380 коњски сили, а е во состојба да го забрза автомобилот со импресивна тежина од 0 до 100 km/h за 10.4 секунди и до максимална брзина на движење од 193 km/h.

Range Rover Sentinel нуди најнови оклопни стакла, нова заштита на таванот против експлозија и нов систем за евакуација, а суспензијата и сопирачките на автомобилот се дополнително подобрени. Со специјално развиени бандажи, теренецот доаѓа со run-flat гуми кои нудат можност за придвижување на оддалеченост од над 50 километри со брзина од 80 km/h дури кога и четирите се испукани.

Оклопниот Range Rover Sentinel има посебен систем за комуникација со оние околу возилото, а при желба на клиентите, од Land Rover Special Vehicle Operations нудат можност за монтирање на сирени и специјализирани светлосни системи.

Поврзани вести

Back to top button